Објава

Првиот чекор е да се соочиш со вистината дека #Македонија ја нема повеќе.

Нема #Македонска фудбалска репрезентација, нема #Македонски претставник на Евровизија, нема #Македонско собрание, знаме, нема главен град на #Македонија....

Нема пријателе, нема.

Окупација е, и окупаторот сака да те убеди дека #Македонија и сѐ #Македонско може да живее таму некаде, дома, приватно, во твоето срце или ум и дека тоа е вистината а не она што го гледаш со очите.

Таа е играта на окупаторот ( ѓаволот ) - да те натера да веруваш во нешто што го нема се додека и ти не исчезнеш.

Ако сакате #Македонија со сите нејзини атрибути да се врати - морате да престанете да ја играте играта на окупаторот. Правете само она што окупаторот насила ви го наметнува - ОДБИЈТЕ работи кои зависат од вашата добра воља ( посета на утакмици, веење вентилатор, прослави на #Северна....)

Само така ќе се создадат услови да се создаде од пепелот НОВА, Слободна, Независна, Самостојна #МАКЕДОНИЈА.

Сѐ додека се обидувате во #Северна да препознаете одблесоци од она што некогаш било ваша татковина - окупаторот победува.

Тешко е, знам.

Но држава не се добива ниту лесно ниту на подарок.

Ако ви е тешко да се дисасоцирате од #Северна и сите нејзини мимикрии на #Македонија, ако не можете да ја отсечете емоцијата и да се вратите во реалниот суров свет - ќе ве оставам да си го живеете сонот дека минатата недела Македонија играше 1:1 со Италија, иако и јас и вие знаеме дека тоа не се случи.

Се случи спротивното - со парите што ги дадовте за карти - ѝ купивте уште еден ден на #Северна.