НЕМА ЛОЈАЛНОСТ ДУРИ НИ МЕЃУ СЕВЕРЏАНИТЕ
Сигурен сум дека во меѓувреме ќе сретните ваков тип на човек:
Се отвора тема за политика и на маса ја дискутирате моменталната ситуација на Македонија. Додека се проблематизира промената на името некој смрдсмрдеж ќе стани и ќе речи "абе шо е битно дека го сменивме името, што ти менува тоа тебе, битно е пари да имаме, економија да имаме".
Знаете зошто овој човек го вика ова? Затоа што и самиот тој не верува дека промената на името донесе нешто позитивно за Македонија, и длабоко во себе знае дека е на погрешната страна на историјата, и наместо да застане машки да ја брани неговата позиција дека промената на името беше добра работа, тој ќе ви тепа муабет "ами шо ти значи толку името".
Слушајте што ви зборуваат тие луѓе, а потоа ставете ги на местото каде што заслужуваат да бидат.
Држава се гради првенствено со имање став и решителност, потоа афирмирање на тој став преку ширење на муабетот, па општествено делување околу тој став и на крај стекнување политичка позиција која ги застапува тие ваши ставови. Значи, буквално со "бистрење политика на маса" се почнува вашиот придонес во градењето на државата.
