Објава

Што и да мислите за ситуацијата во Иран, дали тоа ви е изговор да се ставите од едната или од другата страна, или да си ја истерате сопствената агенда, не треба да се заборави следното:

Ниеден исход во ситуацијата не е добар за луѓето од Иран. Без разлика кој да победи, тие се поделено општество каде во секој случај ќе има жртви и злосторници - и тоа најчесто ќе бидат најневините кои ќе се најдат на крстопат помеѓу идеологиите.

Ниедна интервенција од надвор никогаш не создала добросостојба, туку само страдање.

Овде има лекција за нас Македонците - да се зафатиме да си ја враќаме државата затоа што на крајот некој од надвор ќе не реши.

И под реши мислам „уништи“.