Напис

КАКО ТРЕБА ДА ГО ТРЕТИРАМЕ РЕЗУЛТАТОТ ОД РЕФЕРЕНДУМОТ НА 30-ти СЕПТЕМВРИ 2018-та ГОДИНА?

АМ

Поради фактот што многу луѓе не се информирани за правната основа на референдумот за промената на името, ќе се обидам да опишам зошто резултатот на референдумот е важен во борбата за исправање на неправдите кои преспанскиот договор ги нанесе врз Македонците.

На 30-ти Јуни 2018 та година беше распишан референдумот кој се одржа на 30-ти Септември 2018 та. На сликата подолу стои одлуката за распишување на референдумот.

Резултатот на овој референдум е дека референдумот не исполна цензус, пропадна, а со тоа одлуката не е усвоена.

И соодветно, ДИК го објави извештајот за референдумот во службен весник 186, страна 12.

Секој треба да заклучи дека собранието немаше право да гласа за спроведување на преспанскиот договор затоа што референдумот не беше успешен поради тоа што немаше цензус.

Било кој систем на носење одлуки кој вклучува повеќе од 2 ца луѓе мора да го има механизмот на цензус, затоа референдумот има цензус 50% +1, а и собранието има различни видови на цензуси како просто мнозинство или двотретинско мнозинство.

Ама сега на некој ќе му светне сијаличката над глава и ќе речи "ама референдумот беше консултативен". Па ајде и тоа да го разглобам.

Да, може да се направи аргумент дека референдумот беше распишан како консултативен. Да, пости законски акт(ЗАКОН ЗА РЕФЕРЕНДУМ И ДРУГИ ОБЛИЦИ НА НЕПОСРЕДНО ИЗЈАСНУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ) во кој се воведува категоријата консултативен референдум. Тогаш, што е проблемот?

Ова е проблемот: уставот ја дефинира основната законска рамка за референдуми во Македонија во членот 73. Прочитајте ја последната реченица која гласи дека "Одлуката донесена на референдумот е задолжителна."

А членот 8 во законскиот акт за референдум го опишува консултативниот референдум како на сликата.

Потсетете се дека референдумот беше распишан врз основа на член 73, па прашањето е, како може едно смрдено законче да биде над уставот? Како може со едно законче да се промени целокупната улога на референдумот?

Да не зборуваме уште дека има посебен член во уставот кој дополнително треба да гарантира дека одлуката донесена на референдум е задолжителна за прашања за стапување/истапување од заедница/сојуз на држави, член 120 од уставот.

Што значи, не може да се распише референдум за консултирање, затоа што основната улога на референдумот е да се донесе одлука, а не да се спроведе анкета. Дури и уставот да дозволуваше консултативен референдум, тоа би бил најгупавиот устав што би постоел за било која држава.

Дополнителна забуна доаѓа и од фактот што уставни измени може да ги прави и собранието, но и преку референдум. Ама она што треба секој да го разбери е дека ако се спроведи референдум, тогаш мора да се почитува исходот од референдумот.

По правната основа опишана погоре, спроведувањето на преспанскиот договор е направено на нелегален и насилен начин каде не е испочитуван исходот на референдумот.