Фашизмот НЕ е новиот панк!
Кратка рецензија на емисијата со Александар Огњановски.
Во предпоследната еизода (во времето на пишување на текстот) на подкастот на „Движење Бојкотирам“, гостинот Александар Огњановски изјави: „Фашизмот денес ти е како rock'n'roll, како панк кај младите!“.
На прва, оваа реченица не изгледа како безопасен муабет, ама реалноста е доста позлокобна. Да си Панкер во средината на 1970тите, значело да си младо дете на возраст од 15 до 19 години, со пубертетлиска хормонска активност и сомнителен вкус за музика. Да си Фашист, или било која проминенција на љубител на тоталитарни општества (Социјалист, Комунист, Нацист) денес, е многу поопасно.
Нормално е во времиња на социјални и економски турбуленции, голем дел од младите и неинформирани лица да посегнат по реакционерските политики кои Фашистите и сите љубители на тоталитарни општества ги фрлаат во етерот. Во Македонија моментално, најголемиот проблем е неможноста да се биде Македонец во сопствената држава и постојаното шовинистичко однесување на нашите комшии. Како одговор на овие проблеми, Фашистите го фрлаат следново како решение: „Треба да имаме фашист на власт, во тој случај државата ќе биди консолидирана и ќе ги држи зауздани сите интерни и екстерни душмани. Индустријата ќе цвета оти државата ќе ни кажи шо да прајме и сите ќе сме пресреќни.“. Ова истото се случуваше во пост-вајмар Германија. Со идењето на Хитлер на власт, тој обеќава силна индустрија, јака економија и повеќе простор за сите германци. Сето тоа работи во почетокот, за на крај грандиозно да пропадни, оставајќи зад себе пустош потежок за поправање од оној во Хирошима и Нагасаки. Истото се случува во СЕКОЈА држава каде што има тоталитарно управување (Југославија, СССР, Северна Кореа, Венецуела, Куба)*. Дури и во поствоена Германија се гледа истото. При обединувањето во 91ва, Западна Германија е светлосни години пред ДДР во сите полиња, нешто што е видливо дури и денес, скоро 35 години по обединувањето. Да биде глупавоста на ова решение уште поголема, во ниеден тоталитарен режим човековите права кои сега ни се повредени нема да ни бидат вратени. Или во најдобар случај, би ги имале, ама по желба и количество кое што „главниот“ ќе ни го диктира. Нешто за кое што се уверивме во Југославија.
Во денешно време, приклонувањето кон овие идеологии само им дава на нашите душмани повеќе оужје против нас и прави поголема штета во нашата борба за МАКЕДОНСКА ДРЖАВА. Фокусот на секој вистински Македонец треба да е самовоздигнување кон вистината, добивање на што е можно поопширна и подлабока самоедукација и споделување на истата со сите други Македонци. Единствениот начин да имаме Македонска држава е ако имаме збир на индивидуи кои што свесно ја знаат потребата од Македонска држава, се останато е градење кула од карти која што првиот ветар ќе ја сруши.
**DISCLAIMER**: Ова ми е прв напис по подолго време како реакција на подкастот. За сите грешки, се извинувам и прифаќам одговорност. Во иднина планирам да напишам повеќе текстови кои дефинитивно ќе бидат посодржајни.
*За ова припремам подолг напис.
