Напис
Срдечен поздрав за „хората“
МИ
Македонска историја@makedonska.istorija30 мај 2023г.
Еден срдечен поздрав за „хората“ коишто ептен тупо, ама мошне упорно се глупираат и сакаат да ја негираат и присвојуваат македонската историја, херои, јазик, писмо, култура.

Оригиналните Бугари биле турко-монголски народ, зборувале на јазик од туркиската група на јазици и верувале во Тангра,
ова се ноторни факти и за бугарската и за светската наука.Тие немале врска со Македонија, Македонците, Светите браќа Кирил и Методија, или словенскиот јазик за кој тие ја создале глаголицата.
Луѓето од денешен Татарстан и Чувашија зборуваат на јазици од туркиската група јазици и за себе велат дека се Бугари. Ние Македонците имаме почит за овие луѓе, ама немаме ништо заедничко со нив.

За разлика од тоа Бугарите и Бугарија и на индивидуално и на државно ниво нив ги сметаат за свои браќа и сестри со кои имаат исти „корени“. Тогаш за каква „заедничка историја“, „еден народ во две држави“, или за посегањата по македонскиот јазик од бугарска страна може воопшто да се зборува?!?









