Напис

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛИСТ, НО НЕ И ШОВИНИСТ!

Пред извесно време, бугарските пропагандни ботови објавија досега помалку познати мисли на Гоце Делчев. Оттаму дознаваме дека кога Гоце ќе рече народ, тој мисли на ЕТНОС - НАЦИЈА. На пример, Турците се посебен народ - нација.

Она што бугаристите го превиделе, е дека тука и во повеќе други цитати коишто се и попознати, Гоце говори и за МАКЕДОНСКИ НАРОД, македонска култура, итн.

Бугаристите се радуваат дека Гоце ПИШУВАЛ на „бугарски“ - којшто всушност е словенско наречје, а не турко-бугарски јазик. Во ред. Ама, и Миладиновци, и Кузман Шапкарев, и Робевци ги пишувале своите писма на грчки јазик. И Русите говореле на француски во 18. век. И Турците-Османлии до 20. век пишувале на една турско-арапска мешавина. И Германците и Унгарците пишувале на латински јазик... Тоа биле ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПИШАНИ ЈАЗИЦИ на образованието и на дворците.

Но, не сите Бугари се глупави. Добар дел од нив секако ќе ја согледаат вистината.

Во еден цитат, Гоце вели и дека борбата е за слободна и независна Македонија.

Во САМО ЕДНО своерачно писмо, Гоце спомнува „бугари“. И, тоа писмо денес е средство за бугаристички манипулации. А контекстот на напишаното тука е сосем друг.

Имено, според Гоце, во Македонија, името „бугари“ е болест.

Значи, Гоце во писмата говори и за МАКЕДОНСКИ НАРОД - нација. Тоа сега е огромен аргумент дека во тоа ЕДНО писмо кајшто Гоце спомнува „бугари“, тој не говори за народ, туку говори за БОЛЕСТ. Според Гоце, бугароманството и гркоманството се болести.

Така, ЕДИНСТВЕНИОТ документ, ЕДИНСТВЕНИОТ „аргумент“ на бугаристите, нивното омилено Гоцево писмо се сврте против нив. Писмото е АНТИ-БУГАРСКО.

Но, Гоце Делчев не е шовинист. Во своите изјави, тој вели:

- Шовинизмот ја помрачува најсветлата идеја. Ние не ги мразиме Отоманците како народ, туку сме против нивната господарска државна власт.

Гоце исто така, вели:

- Организацијата на македонскиот народ му е нужна за да го собори ропството над себеси, а не да тргува.

Национализмот не е омраза, туку љубов спрема татковината и сопствениот народ. Националистот си го брани своето и не посегнува по туѓото.

Гоце, така, не говори против обичните Бугари во Бугарија. Гоце вели дека наметнатото име „бугарин“ е болест. Се бори против бугарските посегнувања и наметнување на името „бугари“ во Македонија. Тоа е болеста.

Нема друг запис каде што Гоце говори за „Бугари“ во Македонија.