Напис

Македонските птици пеат на македонски

Целокупната научна фантастика од сите ери и жанрови нема никогаш опишано светови населени од суштества кои што немаат начин за комуникација на еден со друг. Човечките суштества можат да си замислат сешто - освен свет кој не си го знае сопствениот јазик.

(пишува Γεωργίας Κανελλοπούλου/Георгиа Канелопоулоу)

Во нашата земја(Грција), постои дел од населението чијшто јазик беше забранет. Да, во Македонија(Егејска) постојат луѓе - луѓе со целосни имиња, со деца, со родители, со цел еден живот - кои зборат јазик наречен ντόπια(“тукашен”), а самите тие наречени ντόπιους("тукашни", "локални"). Овој јазик беше забранет од грчката држава околу 1920та и остана забранет додека не беше заборавен - додека тие што го збореа не умреа (ова е како јазиците умираат, со нивниот последен говорител), а тие што не го збореа не беа учени дека воопшто и некогаш постоел.

Очигледно, со цел да се биде во служба на создавањето на обединетата грчка нација, им беше забрането да зборуваат и да пеат на сопстениот јазик - но како се забранува на едно човечко суштество да си ги пее сопствените песни? Tака, овие луѓе се најдоа без никаков јазик воопшто, бидејќи повеќето го знаеја само овој. Престанаа да зборуваат. Луѓето престанаа да зборуваат. Постоеја луѓе без јазик, неспособни да си купат ни леб освен преку користење на гестикулации. Она што логиката не може ни да го свари, можеби поезијата може да го изрази - и Μάρκος Μέσκος(Маркос Мескос) ја превзема оваа тажна задача во својата потресна поема насловена "Μουγκό"("Нем"), од неговата колекција Μαυροβούνι (Црна Планина):

Мојата мајка не знае грчки, таа не го знае ни еден јазик на светот

Пред години, имав прочитано еден текст од г-дин. Πέτρου Βότση(Петрос Вотсис), кој бил роден во 1943-та во селото Σκοπό-Σέτινα(Скопо-Сетина) во Φλώρινας(Воден). Г-дин Петрос се сеќава како неговиот јазик бил забранет кога бил мало дете. Одел во градинка, и учителката го тепала затоа што на паузите зборел на сопствениот јазик со пријателчињата.

"Се сеќавам", вели, "Еден мој соученик, 'нашинец', ми пријде на паузата и ме праша со голема љубопитност: "Се прашувам како се вика триаголник и круг на 'нашиот јазик'?" Нажалост, не можев да го просветлам - Не знаев. Сфативме, ни се допаѓало или не, дека ние сме Незналици, кое доаѓа од 'Не знам' ."

Како е можно луѓе да бидат осудени на "Не знам" само затоа што не им дозволуваш да ги кажат нештата на начинот на кој што знаат? Дури ни научната фантастика нема одговор на ова прашање. Националната-држава, меѓутоа, нема таква чувствителност.

Некаде прочитав поговорка која вели: "Јазик е дијалект со војска и морнарица". Тасос Костопоулос бележи дека за време на диктатурата на Метаксас, "Локални полициски билтени тврдеа дека кој ќе го прозбори овој јазик ќе биде казнет. Така безбедносните служби ровареа по пољаните, ќе слушнеа некој како си го зборува сопствениот јазик - 'Ела ваму, што збориш ти? Глоба.'" Глобите беа најмалото зло.

(Покана за суд на Јорго Јоаноу Тцирпин од Мелити од судот во Костур за зборење јазик не дозволен од државата. 15 Мај, 1939та)

(Допис од министерство за религиозни работи до свештенството. На барање на државата забрaнета е употреба на не-грчки имиња за крштавање во соработка со локалните полициски власти)

------

Aaron Appelfeld пишуваше:

"Без јазик, сѐ е хаос, забуна, страв од нешта од кои човек не треба да стравува."