Белешки, 2017/18
Без поднаслов

Земам предвид група претпоставки за да ја напишам ова статија, мислам дека ништо од ова не е убедвање и не треба да се земи како сериозна позиција. Не е од длабоко знаење во ништо.
Иначе, дали поќето граѓани легнуваја навечер со мисла дека се потомци на Александар во 2017-та? Или пред то? Не.
Дали легнуваја со цврсто вервање во некое, какво било, идеолошко убедвање? Сигурно не - никогаш не е то нормата, нема ни да биди. Дали легнуваја со вистинска доверба во државни институци? Не. Дали легнуваја со некакво артикулирано вервање дека ќе се подобрат работите? Битно не. Дали легнуваја со предиспозиција да станат другиот ден без очекување нешто да се смени? Да, со општи гаранции: помош од познати во проблеми или бегање од државата.
Зошто 2017-та? Колку и да не сум напраен за идеолошко мислење, тогаш се истуркав најпоќе ментално да мислам дека нешто идентитетско или национално ќе гарантира „нешто“. Дел од то беше присилен детски наратив, неартикулиран и полусериозен; дел беше некоја релативно размислена логика по која ми имаше смисла да тргнам по то. Немам силна меморија за пред десет години шо се случваше, сигурно луѓе испареа, битни ситуаци не останаја запамтени, за чоек шо никогаш способно не врзав емоција или целосен наратив со идеја или дејство - и како беше точно атмосферата во работите шо ќе ги објаснам не ќе мом да артикулирам точно. Со тие пропусти, ќе пробам да објаснам нешто.
Како прифаќа дете идеологија? Сигурно копира, комбинира симболи, бара значење, прај внатрешни наративи и позици, најдва авторитативни гласој. Кај мене беше по-несмасно, поќе берење белешки него симболи шо значат нешто - од политика дома, националистички тепања в коментари, врмровски книги, повремени груевистички култ-на-сонцето репортажи на телевизија, итн. - сето штиклирано како „нешто битно“ ментално. Дали беше реален манифестиран интерес? Вистинскиот интерес беше креативни работи. Ама во празна средина, кај ќе ојш со то? Ако цела држава изгледа ко машинерија за покровителство под една до две партии, институците навидум не ги интересира ништо, приватниот креативен сектор личи најпоќе ко распрскани гласни фирми шо глумат престиж... Не дека уште тогаш моев да си го кажам ова, или дека свесно нешто од овие искази ме мачеше, или дека знаев нешто точно - ама сега мом да мислам дека таков распоред, таков систем, во најмала рака, не дава јасна слика во години кај шо инстинктивно некој сака да знај на каде и како.
Од тука, без цел да занемариме изобилство од други фактори, ако мора да пре-едноставиме, менталната асоцијација под таква слика за мене заврши со мистична врховност на политиката. Не како мисла или слоган или убедвање, туку како главна потсвесна насока. Ко прогрес над општа култура. И пробав да свлечкам се натаму.
Знам дека бев на некој начин посветен политички, насамо, то шо праев знам беше поврзано со пишење, со дизајн, со постери, со мислење, со работи шо сакав - филтрирани низ политика. Знам дека некогаш во та година имав концепт за студентска патриотска организација, шо практично беше корпа за креативно занимање, имав пишано документи и праено графички материјал; и некако стапив во контакт со друг студент од друг град. До крајо на годината моев да му пуштам то шо имам и тој рече ќе мој да се организираме. Памтам уште недовршените графички материјали ги објави од негово име со грандиозни патриотски слогани и памтам дека се изнервирав, иако не памтам точно шо беа сликите.
Чим то остана во сеќавање, ваљда то беше пвриот запамтен судар со интензитето шо ровареше во ова фаза, кај шо симболилчен регистар туѓ за мене преземаше контрола. Ако се ориентираш по пропорција и си во контакт со него во симболични ситуаци, искрено незнајш зошто луѓе се емотивни и гласни без самите да знат оти, зошто прат импулсивни декларативни работи во моменто без да се спремни за конкретна цел - симболот и емотивното олеснување шо го носи: е целта.
Кон крајот на та година се јави студентот за организацијата и ме викна во Скопје за некој состанок, бевме во кафич со некој шо ми беше претставен како битен политичар, незнам кој, не памтам шо зборавме, остана само шум. Неколку месеци после то, кон средината на 2018-та, ми пуштија репортажа со веќе склопена студентска организација во Штип со мојо концепт. Ме викнаја во тој град да организираме протест против промената на името.
Немора да пробам да редам хронологија на настани тука шо немат многу за екстракција, само зедов 50 евра од баба ми и ојдов Штип со автостоп. Мојш да ги интернализираш симболите, да ги препрајш, попрајш, пробаш да усовршиш приватно, ама на отворено - предвидливо припаѓат на факцијата шо има монопол врз нивната природа во мрежата на социјална зависност. И со мое учество уште од тогаш, патриотски настан одма значеше поврзаност со една партија, „студентската организација“ преку та недела шо бев таму - прекина да биди студентска, прекина да биди организација. Немавме организирање во буквална смисла, имаше несмасна импровизирана координација со здруженија, парти, канали со дијаспора. Јас дизајнирав постери и материјали за делење. Целиот хаос, занемарлив ама надуен според детската логика шо ја имавме, сигурно сите шо учествувавме не умори. Немом да знам за друг, за мене уморот внатре беше потиснат со плитка мисла дека сето ова е за нешто, иако самиот не артикулирав шо, битно беше да мом да продолжам со активностите до дено на протестот.
Кога дојде тој ден и сато ко беше закажан да почни - плоштадот беше празен, ниеден чоек пред бината, штама. Пет минути покасно, се паркираја два автобуси со партиски луѓе од други градој и го наполнаја плоштадот, после дојдоја локални групи. Теренската организација беше преземена од скопски функционери, сите други од нашата четири/пет-души организација се качија да ја преземат сцената, јас останав долу дека немав говор за држење. Двајца луѓе донесоја голема каса и ја наместија пред бината, наводно за донаци за уставобранителите. Зошто баш то премина некоја граница за мене незнам, знам дека следно ја клоцнав касата на земја, дојде поголем маж и ме турна на земја. Се задржав, станав и заминав од протестот шо наводно го организирав цела недела, уште пред да почни.
Сакам сега да кажам дека ова беше конечен крај, ама не бев ни способен, ни со вистинска можност тогаш да седнам и да размислам за да мој да донесам таква одлука. Само забега - истата енергија во други кругој, здруженија, протести, влегвање и излегвање од партија, со години; и уште многу време играње и руминација со политички работи. Единствена дистанца меѓу ова и мене кладе стабилна работа и вистински живеани проблеми. Дали вредеше? Незнам, дефинитивно поќето не беше корисно - ама според мене сега. Слоганите и симболите здосадија и избледија, ама остана желбата за арна држава; можда без то немаше да биди јасна.
Дали денес поќето легнуват со предиспозиција да станат другиот ден без очекување нешто да се смени? Можда. Претпоставувам (поќе од морање него сакање) има поголем број шо одбиват така да легнат, ама не дека се задоволни. Изгледа ќе нема поќе ширум дозволено драстично селење, патронажата ќе се канибализира, постојат помалку млади генераци со осцилирачка надеж... Ако имав доверба да замислам точно во шо се надевам е да се користат реални прилики, политички, лични - место театар. Политичка опција шо не е во досегашната машинерија, макар со „грешни“ симболи и на „грешна“ страна и шо има реален моментум - шо можи да имплементира некаква реформа колку мала напред - вреди глас поќе него шо вреди бескрајно позицирање и руминација, непрекинвање судска постапка вреди поќе него обид за селење, лично туркање напред вреди поќе него вртење во круг.
